Камчев Консалтинг Национален шампион на Европските бизнис награди 2016/17
Објавено во: Мои пари 05 Септември, 2016 20:40
Компанијата Камчев Консалтинг е прогласена за Национален шампион на Европските бизнис награди, што претставува најголемиот бизнис натпревар во Европа, создаден со цел презентација на најдобрите практики во Европската бизнис заедница.
Наградите, сега во својата 10-та година, се поддржани од страна на бизнис лидери, академици и политички претставници од цела Европа, а оваа година се вклучени со повеќе од 33.000 бизниси од 34 земји.
Камчев Консалтинг е избрана по првата фаза на оценување од страна на независна комисија. Компанијата беше оценувана врз основа на основните ЕБА вредности за иновација, етика и успех, со што влезе во втората фаза од натпреварот. Камчев Консалтинг нуди советодавни, правни и финансиски услуги за компаниите во кои таа денес има управувачко или мнозинско учество. Компанијата инвестира во повеќе дејности: здравство, медиуми, комуникации, земјоделство, сточарство, прехранбени производи, банкарство, енергетика, градежништво, недвижности, производство на текстил, спортска опрема, туризам и угостителство.
„Особено сме горди што сме избрани да ја претставуваме Македонија како национален шампион на Европските бизнис награди, кои се широко признаени и ги претставуваат најдинамичните европски компании“, изјави Јордан Камчев, извршен директор на Камчев Консалтинг. Адријан Трип, главен извршен директор на Европските бизнис награди изјави "Честитки до Камчев Консалтинг кои беа избрани да ја претставуваат својата земја како национални шампиони. Тие се клучот за успехот на силната европска бизнис заедницата.“
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




