Кампањата на Горење ги обединува сите спортски навивачи на ракомет
Објавено во: Мои пари 29 Ноември, 2017
Амбасадор на оваа кампања е еден од најдобрите ракометари на сите времиња - Ивано Балич
Горење стана дел од големото ракометно семејство. Како ексклузивен партнер од областа на апаратите за домаќинство, тој е официјален спонзор на Европското првенство во ракомет, кое ќе се одржи следната година во Хрватска. За да ги доближи љубителите на овој спорт, со кампањата #simplyfans Горење промовира посветеност и фер плеј. Настојувајќи да ги намали границите и да ги поврзе навивачите од регионот, Горење ја објави #simplyfans наградната игра и го претстави Ивано Балиќ за свој амбасадор.
Ракометните навивачи се подготвуваат за почетокот на Европското првенство во ракомет. Во периодот од 12 до 28 јануари, Хрватска ќе биде домаќин на EHF EURO 2018 со натпревари во Сплит, Пореч, Вараждин и Загреб. Додека ракометот собира широка публика која навива за своите херои, Горење подготви нешто посебно за сите нив. Нивната кампања #simplyfans ги повикува и ги мотивира навивачите да навиваат не само за нивните тимови, туку и да навиваат за фер-плеј, за напорот што го вложуваат сите играчи и едноставно за самиот спорт. Амбасадор на оваа кампања е единствениот Ивано Балич, играчот кој е двапати е именуван како најкорисен играч (MVP) на Европското првенство во ракомет и e победник на две Светски првенства.
#simplyfans Кампањата на Горење за Европското првенство го следи мотото LifeSimplified, по кое нивните апарати за домаќинство се познати во Словенија и пошироко. Овој пат тие ќе ги обединат сите љубители на овој спорт во Европа со кампањата #simplyfans. Бидејќи брендот Горење ужива голема почит и претставува традиција за квалитет во регионот, кој е исто така еден од стратешките целни пазари, посебно внимание и важност ќе им биде даден на ентузијастите од ракометот од овие области. До 22 декември, навивачите на Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Словенија и Србија можат да учествуваат во наградната игра #simplyfans за да добијат бесплатни карти за прелиминарните натпревари на кои ќе игра репрезентацијата на Македонија, а главна награда ќе бидат бесплатни карти за финалето во Загребската Арена. Со специјални навивачки автобуси, сите победници од наградната игра ќе бидат одведени на натпреварите, овозможувајќи им целосно да ја почувствуваат ракометната треска.
Ракометна легенда Ивано Балиќ
Горење го објави првиот од тројцата амбасадори на #simplyfans, поранешниот хрватски ракометар, кој беше два пати именуван за најдобар играч на годината од страна на Меѓународната ракометна федерација - Ивано Балич. Неговата импресивна листа на медали и трофеи, исто така, е украсена со олимписко злато од Олимписките игри во 2004 година во Атина и бронза од Олимписките игри во 2012 година. Балич, еден од најдобрите ракометари на сите времиња, го поддржува духот на кампањата на Горење: „Момците кои ќе се потат на теренот во овие 14 дена од првенството го посветија својот живот на ракометот. Сите тие се обидуваат да го дадат најдобро од себе и да ги израдуваат своите обожаватели со добри резултати. На тој начин, јас сум горд #simplyfan и ве повикувам сите да навивате со мене за фер плеј и добара игра.“