29 Јуни, 2024
0.0300

КАМПОТ ЗА ДЕЛ ОД ДЕЦАТА БИЛ МОЖЕБИ ЗАБАВА, НО ЗА НЕКОИ ГОЛЕМА ТРАУМА: Насилно и нестручно е влезено во интимната сфера на тинејџерите, психотерапевтот Карбевска за Фактор

Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Македонската јавност неколку дена по ред не се смирува по скандалот со организирање на кампот во Зелениково од страна на Првиот скопски извиднички одред, на тема „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“. Сведоштвата на родителите и децата се запрепастувачки, а дел од коментарите на јавноста која е згрозена од ваквите случувања, се дека кампот наменет за сексуална едукација на младите преминал во перверзија и педофилија, особено што возрасни луѓе делеле награди за најдобри гради на девојчиња од 16 години, а биле приморувани и на глумење на скес сцени пред манастир. Според стручни лица пак, ваквите настани, кај младата популација доведуваат до вистинска траума. Во разговор за Фактор, Светлана Карбевска, психијатар-психотерапевт, посочува дека кампот за некому претставувал обичен стрес, за некому забава, додека за кај некои од тинејџерите е големо трауматско искуство, заради што треба да се работи понатаму со тие деца.

-Психосексуалниот развој е суптилна проблематика која што на суптилен начин треба да се доближи до младите и навистина треба да биде спроведена од страна на стручни лица. Во конкретниот случај, работата е целосно излезена од контрола. Не сите деца се спремни, толку отворено и на таков насилен начин да бидат приморувани на одредени активности, без разлика што станува збор за симулација. Според тоа што досега е кажано во јавноста, активностите кои таму биле спроведувани не соодветсвуваат на возраста, ниту пак децата ги добивале од компететни луѓе. Заради што и очекувано е да испливаат реакциите од страна на децата. Во овој случај, децата кои отворено проговирија за ова, се почувствувале загрозено, па изреагирале инстиктивно, поради што насилно е влезено во нивната интимна сфера, без согласност и без спремност на децата за да длабоко се навлезе во тој интимен простор. Затоа велам дека станува збор за нестручно влегување во интимната зона на една ранлива категорија деца. Кампот можеби за некому бил забава, за некои од децата е стрес, но за некои пак, претставува вистинска траума. Треба понатаму стручни лица, односно психолози, психијатри, психотерапевти да работат со тие деца, за да го надминат тоа непријатно искуство, вели Карбевска.

Истовремено, и Првата детска амбасада Меѓаши бара брза истрага за целиот случај. Во телефонски разговор за Фактор, Драги Змијанац посочи дека е исклучително важно да се утврди дали програмата била детално наведена претходно, пред децата да заминат на кампот, па нивните родители и тие самите имале претстава што ќе се случува таму, или пак целиот настан е излезен од контрола.

-Голем дел од нас сме биле во извидници и знаеме како изгледаат тие кампови. Главно беше, извидникот да знае да се ориентира во време и во простор, да се најде начин да се преживее во непристапните диви предели, учевме како брзо да се постави шатор. Но, ова што сега се случило викендов е навистина загрижувачки. Тоа што треба институциите да утврдат е дали активностите биле токму така претходно планирани и за тоа постои детална програма која ја знаеле и децата и нивните родители или пак целиот настан излегол од контрола, посочува Змијанац, нагласувајќи дека ако е така, ќе мора да се бара одговорност.

А, организаторите синоќа дури излегоа само со соопштение во кое посочуваат дека игрите на камптот биле погрешно протолкувани.

–Настанот е наменет за категоријата постари извидници (постари малолетници над 16 години). На овој настан учестуваа 32 учесници доборволно пријавени во екипи по 4 лица преку своите матични одреди и 10 волонтери од ПСИО. Акцијата се креира од млади за млади и се одржуваше во безбеден простор, во забавна и младинска атмосфера, и секој учесник имаше можност да пријави доколку се почувствува непријатно. Настанот не претставува никаква манифестација на неморал, блуд или сексуално вознемирување. Сметаме дека многу делови од игрите се погрешно протолкувани, наведуваат од Првиот скопски извиднички одред во соопштението.

Овој случај веќе го истражува и Јавното обвинителство кое побарло од полицијата да ги повика на разговор организаторите на настанот.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ