18 Декември, 2025
0.0480

КАНАДА ОБЈАВИ-ГИ ВРАЌАМЕ ТУРБИНИТЕ НА СЕВЕРЕН ТЕК 1: Германците нема да можат да се греат без гас

Објавено во: Економија 10 Јули, 2022 09:00

Добивај вести на Viber

Канада ќе одобри укинување на санкциите за враќање на поправените руски турбини во Германија, на која и се потребни за одржување на работата на гасоводот Северен тек 1, најави канадскиот министер за природни ресурси.

Канадската влада, која издава дозвола за изземање на враќањето на турбините од нејзините санкции кон Русија, рече дека овој потег ќе ја поддржи „способноста на Европа да пристапи до сигурна и достапна енергија додека тие продолжуваат да се оддалечуваат од руската нафта и гас“.

Канада, исто така, најави дека ќе ги прошири санкциите против енергетскиот сектор на Русија за да го вклучи и индустриското производство. Новите канадски санкции „ќе се применуваат на копнен и цевководен транспорт и производство на метали и транспорт, компјутерска, електронска и електрична опрема, како и машини“. Канадскта Влада оценува дека „во отсуство на неопходното снабдување со природен гас, германската економија ќе претрпи значителни тешкотии, а самите Германци ќе бидат изложени на ризик да не можат да ги загреат своите домови како што се приближува зимата“.

Германската влада во петокот потврди дека добила позитивен сигнал од Канада во врска со турбините потребни за одржување на Северен тек 1. Турбините прво ќе бидат испратени во Германија, која потоа ќе ги достави до рускиот државен Гаспром, изјави владин извор, пренесува Ројтерс.

Гаспром го намали капацитетот на 40 отсто

Руски Гаспром го намали капацитетот долж гасоводот Северен тек 1 на само 40 отсто од нормалното ниво минатиот месец, повикувајќи се на одложеното враќање на опремата што ја сервисира германската компанија Сименс енерџи во Канада. Кремљ во петокот соопшти дека ќе ги зголеми испораките на гас во Европа доколку турбината биде вратена.

Украина се спротивстави на предавањето на турбините на Гаспром и Киев верува дека таквиот потег ќе ги заобиколи санкциите против Русија, изјави во четвртокот извор од украинското Министерство за енергетика.


Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје