07 Октомври, 2024
0.0356

Канал 5 и Телекабел без договор: Која е суштината на проблемот?

Објавено во: Македонија 28 Март, 2018

Добивај вести на Viber

За Телекабел е неприфатливо да се менува содржината на договорот за реемитување на програмата на Канал 5 на што сега инсистира телевизијата. Канал 5 пак, засега не планира да стави потпис на таков договор оти тврдат дека одредбите се на нивна штета. Двете страни остануваат на своите позиции и битката се разгорува. Од пред три дена, Телекабел ја нема Канал 5 на својата листа на канали.

Иван Мирчевски, директор на телевизијата вели дека тие како Телевизија сега од Телекабел бараат промени во договорот, со кои попрецизно ќе се регулира дека операторот мора да го зема сигналот директно од телевизијата, а  во измените бараат и нова позиција за Канал 5 на редоследот на каналите.

Зоран Ристов директорот на Телекабел пак вели дека досега имале сосема коректен договор и со Канал 5 и смета дека е неразбирливо зошто Канал 5 воопшто бара вакви измени во договорот, кога досега немало проблеми. Тврди дека се отворени за разговори за сите барања со телевизиите.

Договорот кој и е понуден на Канал 5 од страна на Телекабел е истиот по кој програмата на телевизјата била реемитувана и досега, а исти такви договори имаат сите други телевизии во земјава.

КАКО СЕ ПРЕНЕСУВА СИГНАЛОТ

Телекабел престана да ја реемитува Канал 5 од 25 март откако пет дена претходно или на  20 март, пратиле известување до телевизијата дека договорот за реемитување истекува. Со истиот допис бил пратен и новиот договор потпишан од Телекабел. Канал 5 требало да го потпише и да го испрати назад. Сепак тоа не се случило. Од Телекабел тврдат дека поради тоа што не добиле потпишан договор биле принудени да ја „згаснат“ телевизијата од нивната листа, зошто во спротивно би се судриле со законите што ги регулираат авторските права. Мирчевски пак вели оти сепак испратиле потпишан договор, верзија на маил и една по пошта. Тој документ, сепак не е истиот кој бил испратен и потпишан од Телекабел, оти Канал 5 инсистира на некои промени во односот.

„Договорот кој досега го имавме и кој и сега беше понуден за потпишување не е добар. Не се согласуваме со два члена од истиот и имаме уште неколку барања. Операторот мора да  го зема сигналот на Канал 5 директно од кај нас и да го носи до крајни корисници за да биде поквалитетен. Имаме забелешка и во однос на редоследот на програмите. Тие се наредени без критериум. Ние бараме да бидат искористени рејтинизите на агенциите и програмите да се постават така. Оставаме простор до петок Телекабел да ги прифати условите, за тоа им пративме и нов допис“, вели Мирчевски. 

ДРУГИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ ИМААТ ИСТИ ДОГОВОРИ

Директорот на Телекабел Ристов вели дека за нив е неприфатливо, барањата кои сега ги има Канал 5 да бидат вметнати во договорот за реемитување. Вели оти Телекабел не е обврзан да го носи сигналот од самата телевизија туку да го пренесува таков каков што им стигнува.

Освен тоа договорот што во последен момент го понудил Канал 5 бил со времетраење од само 6 месеци, што според Ристов е несериозно.

Идентични, до збор се договорите кои Телекабел ги има со сите други приватни телевизии. Тврди дека ниту една друга засега немала забелешки на членовите од договорот

„Канал 5 не го потпиша договорот кој им го пративме со дописот и затоа престана реемитувањето. Во момент кога ќе го добиеме потпишан ние ќе продолжиме да ја реемитуваме програмата на оваа телевизија преку нашата кабелска мрежа. За сите отворени прашања кои ги наметнува Канал 5 сме отворени да разговараме и во иднина. Инаку во моментов на сила се договори со другите телевизии и сите имаат идентична содржина“, вели Ристов.

Инаку според тие договори Телекабел на свој трошок ја превзема програмата на ТВ каналот, а телевизиите за реемитувањето не плаќаат никаков надомест.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил