19 Декември, 2025
0.0478

Канал 5 со информации од што би можело да почине 28-годишната родилка

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2018 17:24

Добивај вести на Viber

Комисијата од Министерството за здравство ќе ги истражува причините за смртта на 28 годишната родилка во Штип. Обудкцијата заврши, а според првичните наоди, причината е искрвавување, објави Канал 5.

Направена е обдукција врз починатата 28 родилка од Штип. Се уште се чекаат документите од направените анализи.  

„Се било направено навреме и ги чекаме резултатите, за да ја знаеме точната причина. Во болницата ги има сите услови и за операција“. вели за Канал 5 директорот штипската болница Ален Ѓеорѓијев за Канал 5 вели:

Според извори на Канал 5,  28 годишната штипјанка била примена во средата 21 часот, породена природно и родила здраво машко дете. Жената немала здравствени проблеми, ова и била прва бременост. Според извори на Канал 5, жената имала атонија или состојба кога матката по породувањето не се стега и не може да се сопре крварењето, за потоа да и ја остранат матката. И по оваа интервенција жената починала околу седум часот на 14 јуни. 

Министерот Венко Филипче објасни дека ќе се состави и комисија за овој случај и дека ги чекаат наодите од обдукција. Ваква состојба најчесто се јавува кај трето-ротки или жени кои имале царски рез. Како една од причините се наведува и заборавено парче од постелката, доколку не се изреагира брзо кога почнало крварњето, може да заврши фатално, објаснуваат гинеколози за Канал 5. Пред месец и пол министерот за здравство посочи дека во сите родилишта во Македонија е направена анализа и дека со обука на персоналот со цел да се намали смртността и кај новороденчињата и кај родилките. 

Засега не е потврдена ниту причината за смртта на новорденчето во болницата во Штип пред три дена.



Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните