Канцеларијата на Јанева е под клуч, за парите, саксиите и сликите ќе пресече Рускоска
Објавено во: Македонија 23 Септември, 2019 11:50
Во писмото кое Катица Јанева го испратила до Специјалното јавно обвинителство, а кое повторно е напишано рачно, според нашите извори, поранешната обвинителка освен што ги бара парите до резервниот фонд за да си ги плати тековните трошења поврзани со рочиштата, побарала и да и се дадат сите нејзини лични работи од канцеларијата.
Обвинители за Фактор потврдуваат дека во канцеларијата таа има слики, плакати, саксии за цвеќе, но имало и пијалоци и десерти. Сепак останува нејасно како овие работи ќе се трансферираат кога, според информациите канцеларијата на Јанева е затворена. Од друга страна СЈО формално не постои, иако дел од обвинитите имаат задача да одат таму и да ги чуваат предметите. Според информациите оттаму, ако Вилма Рускоска, обвинителката која го води случајот „Рекет“ во кој Јанева е осомничена одлучи да и и ги даде работите на поранешната обвинителка, тоа ќе се направи по нејзин налог и под надзор.
Инаку резервниот фонд постоел, а дел од обвинителите за Фактор велат дека секој месец давале по 3.000 денари и тие пари ги кристеле за свадби, погреби, за хуманитарни цели и по потреба на некој обвинител. Сепак за сите тие потреби се пишувал налог и стоела намената на потрешените пари, додека најблиските соработници на Јанева и таа самата земале од парите без да кажат за што им се потрошени. Сега никој од СЈО не знае колку пари се останати, дали воопшто има пари. Сведочат дека со собирале секој месец, а заеднички настани имало само малку.
Писмото е потпишано од Јанева, а на него стои Катица Јанева, „специјална јаван обвинителка во оставка“ иако таа веќе е разрешена.
Притворената Јанева утре треба да сведочи за случајот „Рекет“.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




