КАНЧЕСКА МИЛЕВСКА ДЕМАНТИРА: Тезите на Фетаи се рекла-казала трач муабети
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016
Како и што претходно објавивме прес конференцијата која е во тек на министерката за култура се однесува на денешните наводи на СЈО за изградбата на Музејот на ВМРО.
Пред да го започне обрзложението министерката за култура Елизабета Канческа Милевска изрази голема благодарност до вработените во Музејот и како што рече за тоа што чесно и според законот си ја вршеле работата.
Министерката за прес конфернцијата на СЈО посочи дека бела со цел да го оцрни целокупното работење на министерството за контрола и дека се работи за политичка пропаганда .
Таа рече дека СЈО уште еднаш докажало дека работи по инструкции дадени од страна на СДСМ и дека работи површно, без никаква анализа врз паушални претпоставки кои немаат никаква врска со вистината.
Потенцираше дека сите изнесени обвинувања од страна на обвинителката Фетаи се неточни, невистинити и енергично ги отфли во целост.
„Тезите на г-ѓа Фетаи се рекла казала трач муабети, тие се една груба манипулација со која СЈО сака да стави дамка и на моето работење и на работењето на вработените во Министерството за Култура.
Целиот проект и сите останати постапки кои се водени во министерството се водени согласно законите и сите проекти се целосно завршени со одобрение за завршување на градбата.
„Сите предмети се чисти како солза, од првиот документ до последниот и се спроведувани согласно Законите во РМ“ рече министерката и тоа тврдење истакна дека ќе го поткрепи со аргументи и докази .