19 Декември, 2025
0.6145

Канческа-Милевска координатор на новата пратеничка група во Собранието

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2018 18:08

Добивај вести на Viber

Осуммината опозициски пратеници, кои гласаа за пристапување кон уставни измени,  попладнево до Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери доставиле известувања дека во иднина ќе настапуваат самостојно како независни пратеници и дека формираат нова пратеничка група.

Претседателот на Собранието, Џафери изјави дека добил поединечни известувања од овие пратеници дека во иднина во Парламентот ќе настапуваат самостојно како независни пратеници.

Во меѓувреме до собраниската архива официјално е доставен акт дека овие пратеници ќе формираат нова пратеничка група.

Најверојатно координатор на оваа пратеничка група, ќе биде Елизабета Канческа-Милевска.

Оваа нова пратеничка група во Парламентот, како што велат, ќе делува опозициски и од понеделник ќе ги започне разговорите за нацрт предлозите за уставни амандмани, но во согласност со нивните четири барања што ги доставија  до Собранието пред гласањето за уставни измени минатиот петок.

Во оваа пратеничка група освен Канческа-Милевска ќе бидат и пратениците Емилија Александрова, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Владанка Авировиќ, Сашо Василевски, Зеќир Рамчиловиќ и Нола Исмаиловска Старова.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот