Канческа Милевска: Не разбирам зошто се бега од одговорност
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2018 10:42
- Не, немав никакви дилеми. Имав јасно изграден став во однос на оваа точка на дневен ред во Собранието и во оваа фаза, а тоа е дека треба да се вклучиме во активна амандманска расправа. Дека треба да се дебатира во таа насока, да се вклучи пошироката јавност, да се вклучат експерти, професори по меѓународно и уставно право, ние пратениците, лидерите на политичките партии, и да се даде максимум се со цел да се подобри Договорот. Не гледам ништо лошо во однос на мојата одлука. Одлуката ја донесов без никаков притисок од ниедна страна, анализирајќи ја од многу аспекти целокупната состојба. Но, секој што подобро ме познава како личност, знае дека никогаш, ама никогаш нема да донесам избрзана одлука, дека таа одлука сум ја донела врз сеопфатна анализа и дека истата ќе ја бранам одговорно. - изјави таа.
Додава дека добила огромна поддршка за тоа што го сторила
- Со претседателот Христијан Мицкоски, исто така, во многу наврати сум разговарала во оваа насока, и сум повикувала на неопходност од сериозност за ова прашање, од анализа на целокупната состојба и неопходност од дебата - и во нашата партија, и во пратеничката група. И сум изненадена и зачудена зошто се бега од тоа и сето тоа не се прифаќа - вели Канческа Милевска.
Додава дека + исклучена од партијата само поради тоа што има поинакво мислење.
Не можам да разберам како може да не се почитува некој кој има свое мислење, па и да е различно од другиот. Почитувам критика, бидејќи само на тој начин можеме да бидеме искрени пред самите себе и пред граѓаните. Мојот влог во партијата е огромен, и како активен член, и како поранешен функционер. На секого треба да му биде јасно дека на оној што во срце и душа ја носи идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе потенцирам - и како семејна традиција, никој не може тоа да му го забрани и да му го одземе. Историјата некој ја пишувал, но и ние сме тие кои со нашите постапки ја пишуваме историјата за идните генерации - додава поранешната министерка.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци




