18 Декември, 2025
0.2174

Кандидат на советничка листа на ДУИ во Струга стана директор на фирма на Штекли

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2025 15:12

Добивај вести на Viber

Хадис Доко, 21 по редослед на кандидатската листа за членови на Совет на Општина Струга од редовите на коалицијата предводена од ДУИ за локалните избори, од минатиот месец е директор на фирма на Раде Трајковски - Штекли, во моментов обвинет за организирана продажба на наркотици за кого во тек е судски процес.

Доко од Струга од септември е управител на РФ-Груп, основана лани во јули од Раде Трајковски со дејност за „одгледување живина“, на местото на Бранислав Зајков од Битола, еден од обвинетите во случајот „Штекли“ кој во август беше дел од групата што поднесе предлог за признавање вина, по што судот донесе решение за раздвојување на кривичната постапка. 

За членот на ДУИ во кампањата пишува дека е млад професионалец со искуство во стратешки проекти за патна инфраструктура кој работел како надзорник на изградбата на коридорите 8 и 10Д од страна на „Бехтел и Енка“.Наведено е дека е инженер за комуникации и транспорт и претставник на градот Струга.

Трајковски беше уапсен на почетокот на годинава во полициска акција по Наредба на Обвинителството за организиран криминал.Тој се сомничи за организирана трговија со дрога, а популарен во јавноста стана откако имаше неколку неуспешни обиди за негова егзекуција.

Обвинителството пред два дена започна со изведување на докази, откако Кривичниот суд на минатото рочиште донесе одлука декаШтекли е способен да го следи судскиот процес за делото кое му се става на товар заедно со останатите обвинети за делото неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. 

Според Обвинителството, групата била добро организирана, со јасно дефинирани улоги, од набавка до продажба на кокаин и марихуана, а дрогата се чувала во изнајмени станови и се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија