26 Ноември, 2024
0.0283

Kaндидатот за градоначалник кој почина на денот на изборите победи во Травник

Објавено во: Балкан, Корона Вирус 16 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Мирсад Пецо, кандидат на Странка за демократска акција (СДА) за градоначалник на Травник кој во неделата наутро почина од коронавирус, убедливо води на локалниte избори и освоил 8.220 гласа.

Како неофицијално се дознава, многу од мештаните на Травник, кои не планирале да излезат на гласање, слушајки ја лошата вест, се упатиле на избирачките места да гласаат за покојниот, за инаeт на неговиот противкандидат.

Во Централната изборна комисија на БиХ не знаат како да се постават кон оваа ситуација. Членка на ЦИК рекле за федералните медиуми дека постои правна празнина во смисла на прецизно толкување во вакви ситуации, но и дека ЦИК ќе ги разгледа сите акти како би можеле да заземат конечен став.

Босанските опозициски партии победија на вчерашните локални избори во двата најголеми града и ги поразија долгогодишните владејачки националисти.

Во главниот град  Сараево, Бошњачката партија за демократска акција на Бакир Изетбеговиќ го призна поразот откако изгуби градоначалници во три од четири општини што ги добија кандидатите на коалицијата на умерени партии.

Во Бања Лука, административен центар на Република Српска, опозициската Партија за демократски напредок ја доби функцијата градоначалник што претходно ја имаше партијата на Милорад Додик предводена од Српската алијанса на независни социјалдемократи.

Според Централната изборна комисија, половина од околу 3,3 милиони регистрирани гласачи излегоа да гласаат за градските и општинските совети и градоначалниците во двата автономни региона на Босна – Бошњачко-хрватската федерација и Република Српска – како и неутралниот округ Брчко.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Општа тепачка во српското Собрание

Општа тепачка во српското Собрание

Поранешниот хрватски министер за здравство Берош излезе од притвор

Поранешниот хрватски министер за здравство Берош излезе од притвор

СНЕЖЕН ХАОС ВО ТУРЦИЈА: Затворени училишта, блокирани патишта, еве како беше таму

СНЕЖЕН ХАОС ВО ТУРЦИЈА: Затворени училишта, блокирани патишта, еве како беше таму

НА АВТОМОБИЛОТ ИМАЛЕ НАТПИС „КОСОВО Е СРБИЈA“: Kосовската полиција уапси три лица кај Високи Дечани

НА АВТОМОБИЛОТ ИМАЛЕ НАТПИС „КОСОВО Е СРБИЈA“: Kосовската полиција уапси три лица кај Високи Дечани

АЛБАНИЈА: Изборниот материјал ќе биде и на македонски јазик

АЛБАНИЈА: Изборниот материјал ќе биде и на македонски јазик

СРБИЈА: Приштина гради уште една нелегална полициска база

СРБИЈА: Приштина гради уште една нелегална полициска база

НА ЗАБАВА ДОНЕЛ РАЧНА БОМБА: Едно лице загина, а 4 се повредени во експлозија во Хрватска

НА ЗАБАВА ДОНЕЛ РАЧНА БОМБА: Едно лице загина, а 4 се повредени во експлозија во Хрватска

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ И ВО ЗАГРЕБ – ПАДНА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ФАСАДАТА НА ГЛАВНИОТ ПЛОШТАД: Загрозена безбедноста на минувачите (ВИДЕО)

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ И ВО ЗАГРЕБ – ПАДНА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ФАСАДАТА НА ГЛАВНИОТ ПЛОШТАД: Загрозена безбедноста на минувачите (ВИДЕО)

„ОВА Е МОЕТО ОМИЛЕНО МЕСТО“ Вучиќ откри зошто работи за викенди

„ОВА Е МОЕТО ОМИЛЕНО МЕСТО“ Вучиќ откри зошто работи за викенди