Кантон во Швајцарија ќе воведе минимална плата - колку ќе изнесува?
Објавено во: Финансии 05 Август, 2017 16:11
Минимална плата за час ќе биде дефинирана во кантонот Нојшател во Швајцарија.
Претходно Федералниот суд ја отфрли на последна инстанца жалбата на локалните работодавци и економските организации против оваа мерка.
Граѓаните од Нојшател побараа минималната плата да биде 20 швајцарски франци (17,38 евра) на час. Швајцарската агенција „СДА“ пишува дека се предвидени исклучоци во земјоделството и лозарството. За споредба, во соседна Франција минималната плата за час е 9,76 евра.
Нојшател е и првиот кантон во земјата, во кој се воведува минимална плата.
Воведувањето на минимална плата за час беше одлучено на кантонски референдум во 2011-та година, организиран врз основа на петиција.
При 20 швајцарски франци на час и работна недела од 41 часа соодветниот годишен приход достигнува 41.759 швајцарски франци (36.303 евра) или 3.480 швајцарски франци на месец. Со таква сума во Швајцарија е многу тешко да се живее без социјална помош.
Иницијативи за воведување на минимална плата има и во кантоните Јура и Тичино, но постапката не е завршена.
Кантоните Женева, Во и Вале не сакаат вакви проекти.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





