„КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ ОД ВИТАЛНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА СКОПЈЕ СТОЈАТ ЗАГЛАВЕНИ ПОРАДИ ПОЛИТИЧКИ ИГРИ“: Шукова за Скопје и плановите за градба
Објавено во: Македонија 30 Август, 2025 12:44
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова изјави денеска дека капитални проекти од витално значење за Скопје се заглавени поради политички игри и опструкции од страна на ВМРО-ДПМНЕ и актуелната градоначалничка Данела Арсовска.
- Секојдневно гледаме како капитални проекти и решенија кои се од витално значење за Скопје стојат заглавени поради политички игри, опструкции и целосна незаинтересираност за потребите на своите граѓани од страна на ДПМНЕ и Данела Арсовска - истакна Шукова која денеска беше во општина Карпош.
Како пример таа го посочи булеварот од мостот кај Љубљанска до улицата Скупи во Карпош, крупна сообраќајна инвестиција која треба да го растовари метежот и да ги поврзе деловите на Карпош и Скопје.
- Сè е готово. Проектната документација е изработена, експропријацијата е завршена, средствата од 190 милиони денари се обезбедени. Единствено се чека дозвола од Министерството за култура за теренските истражувања. Но, веќе две години, блокада и застој - потенцираше Шукова.
Шукова исто така изјави дека како идна градоначалничка ќе направи сè што е во нејзина надлежност за да ја деблокира изградбата и за проектот конечно да се реализира.
- Како ваша градоначалничка ќе направам се во моја надлежност оваа блокада да престане. Се залагам истражувањата веднаш да завршат за да ја почнеме изградбата на булеварот. Граѓаните одамна заслужуваат современа и функционална сообраќајна врска и таа ќе ја добијат! - рече Шукова.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




