18 Декември, 2025
0.0441

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ: Одамна требаше да бидат завршени, а само за провизии е платено 58 милиони евра

Објавено во: Економија 07 Јули, 2022 15:06

Добивај вести на Viber

Државниот завод за ревизија во својот годишен извештај за работата во 2021 ги претстави капиталните проекти на државата кои одамна требаше, а се уште не се довршени, иако за тоа се подигнати заеми од меѓународните кредитори.. За нив веќе се платени провизии од неверојатни 58 милиони евра, иако не се изградени во предвидениот рок, ниту пак има изглед кога ќе се изградат.

Број еден е автопатот Кичево - Охрид за кој од 2018 па до сега се склучени дури пет анекси на основниот договор со кинеската Ексим Банка и изведувачот Синохидро., кој првично склучен во 2014 требало да изнесува 411.287.800 милиони евра. Во 2019 новата вредност на договорот е 598 милиони евра. Резултатот е ризик од губење на 38.634.018 долари за продолжување на рокот до крајот на 2023.

Вториот проект е Регионалниот клинички центар во Штип, кој не се знае кога ќе биде изграден, а го финансираше Банката на Советот на Европа, додека изведувач е грчкиот Интеркат. Договорот бил вклучен во 2016 за сума од 30 милиони евра. Во меѓувреме рокот е продолжен до 30 јуни 2023, а излегле и дополнителни трошоци од 7 милиони евра. До септември 2021 извршена е само 30 отсто од градбата. Во октомври 2021 стигнала информација до Владата дека ќе бидат потребни уште 8 милиони евра. Трошоците за проектот на крај се зголемуваат за дополнителни 50 отсто.

Фијаско доживуваат и инфраструктурните проекти на Железницата. За првата делница на Коридор 8 за железничко поврзување со Бугарија биле платени 4.134.145 евра оштетни побарувања од изведувачот затоа што бил раскинат договорот. Рокот на изградба бил до септември 2016, а бил продолжен со анекс до февруари 2020, но и тој не се исполнил. Вредноста на заемот бил 46,4 милиони евра, повлечени биле 31,9, а реализирани само 27,7 милиони евра.

За втората фаза од изградбата на пругата кон Бугарија бил постигнат договор со ЕБОР во 2014 од 145 милиони евра, но договорот со изведувачот бил раскинат, а била платена провизија од 6.385.202 евра.

„Утврдените состојби со ревизијата упатуваат на констатација за бавна динамика на реализација на стратешките инфраструктурни проекти, зголемени трошоци за проектите преку повисока цена на чинење на изградбата и зголемени трошоци по заемите, поради што реализацијата на јавните инвестиции кои се финансираат со заеми во целост не се спроведени на ефикасен и економичен начин. Ефектите од јавните инвестиции за остварување на инвестиционите цели се пролонгираат за идни периоди како резултат на продолжување на роковите за реализација на проектите“, заклучува државниот ревизор.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје