26 Ноември, 2024
0.0393

Караџовски: Патувањата не се лимитирани, прославата доколку е одговорна, може да биде каде било

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Не е важно дали Нова година ќе славите дома или во вила во Берово, важно е да нема групирање, вели доктор Жарко Караџовски од Комисијата за заразени болести. 

Тој рече дека состојбата е стабилизирана, но со широко распространета инфекција насекаде во државата.

„Патувањата не се лимитирани, прославата на Нова година, доколку е одговорна, може да биде каде било во државата. Доколку е одговорно прославувањето и почитувањето на мерките, во домашни услови, со луѓе што ги познавате и луѓе што и досега ги почитувале мерките за заштита. Не е добро да се групираат луѓе и целта на овие мерки е да се избегнат групирања на поголеми групи луѓе. Ние сме свесни за време на новогодишните празници, но и за верските прослави, како домашни слави, дека може да се соберат поголем број луѓе, дури и да се направи мини-свадба каде што луѓе се собираат со позитивна енергија да слават, а тоа може да прерасне во кластер“, вели Караџовски.

Апелираше сите функционери да покажат пример и одговорно однесување за прославите.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска најавувајќи го стапувањето на сила на рестриктивните мерки од петок, до 20. јануари упати апел до граѓаните дека целта на оваа кампања „Празнувај одговорно“ е токму подигнување на свеста за да се спречи понатамошното ширење на корона вирусот и да не дојде до зголемување на бројот на новозаразени во јануари кога ќе поминат празниците.

Здравјето мора да се стави пред задоволството и профитот, истакна на денешната прес-конференција, премиерот Зоран Заев, нагласувајќи дека Владата денеска ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик