Каракачанов со нова провокација: Бугарија ќе каже „не“, Македонија не е искрена
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2020
Нова провокација од бугарскиот вицепремир Красимир Каракачанов. Тој за „ТВ Европа“ изјавил дека Бугарија ќе каже дека не е време за меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Македонија, и во моментов зборува во име на владата.
Според Каракачанов, бугарските власти ја усволиле „рамковната позиција“ минатиот октомври како резултат на непочитувањето на билатералниот договор од страна на Македонија.
„Бугарија нема да се спротивстави, но ќе каже дека не е време да се закаже датум за одржување на првата меѓувладина конференција. Во моментов зборувам во име на владата, потенцирал Каракачанов.
Каракачанов кој е и министер за одбрана вели дека Македонија имала три години време да се превоспита. Додава дека поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, три години не сторил ништо за подобрување на билатералните односи.
„Овие луѓе немаат намера да водат искрен дијалог со Бугарија. Тие мислат дека можат да ги прикријат работите. Тие замислуваат дека некој во Брисел или низ целиот свет ќе ја притисне Бугарија и ние ќе клекнеме, вели Каракачанов.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.