19 Декември, 2025
0.1034

„Карактерот е важен исто колку компетентноста“ – Абдулменаф Беџети, панелист на конференцијата „Чувари на мудроста“

Објавено во: Мои пари 27 Мај, 2025 11:09

Добивај вести на Viber

Еден од највлијателните економски мислители во земјата, инспиративен говорник со богато научно и едукативно искуство, професорот Абдулменаф Беџети ќе биде еден од панелистите на конференцијата „Чувари на мудроста“, која трета година по ред ја организира Халкбанк.

Настанот ќе се одржи на 28 мај на Економскиот факултет – Скопје, а негова главна цел е да биде мост меѓу успешните и искусните професионалци и студентите и младите кои се на почеток на своето кариерно патување. Сите кои сакаат да бидат дел од оваа уникатна конференција, треба да се пријават на онлајн формуларот за регистрација.

Беџети, кој е ректор и професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и член на МАНУ, ќе говори во рамки на првиот панел „Курикулум на животниот и професионален развој“.

Во пресрет на конференцијата, направивме краток разговор со професорот Беџети.

Што беше главниот порив што Ве движеше низ годините за да опстанете во професијата што ја работите?

Главен порив ми беше да останам меѓу најдобрите професионалци во мојата генерација, како што беше и во текот на студиите, кога успеав да го постигнам тоа. Мислам дека стигнав до овие успеси благодарение на мојата мотивација, неуморната работа, а своја улога имаше и среќата.

Ако имавте можност да отпатувате во минатото, што би си порачале себеси на 20-годишна возраст?

Со ова искуство што го имам зад себе, само едно нешто би направил поинаку – замена на парадигмата „повеќе е подбро“ со „подобро е повеќе“. Сè друго би посакал да направам исто!

Кои се главните карактеристики што треба да ги поседува еден млад човек за да успее да ги реализира своите соништа?

Мислам дека карактерот е исто толку важен колку и професионализмот и компетентноста. Во карактерните особини би ги набројал правичноста и чесноста, искреноста и скромноста, одговорноста и отчетноста, како и емпатијата и културната комуникација.

Дали може да издвоите некој совет или порака кои задолжително ќе ги споделите со младите што ќе дојдат на конференцијата „Чувари на мудроста“?

Тоа што би сакал да го споделам со младите и студентите е мојата животна лекција – не допуштај да изгубиш една битка, ако тоа ти овозможи да ја добиеш војната.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка