КАРАНТИН ЗА ВИКЕНД ВО КУМАНОВО: Како се снајдоа постарите луѓе за купување намирници?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Април, 2020 06:57
Куманово викендот го помина во карантин со цел да се спречи ширењето на заразата со Ковид 19.
Од петокот во 21 часот, па сѐ дeнес до раните утрински часови беше забрането движење. Пред да стапи на сила строгиот полициски час, повеќето граѓани направија редици пред маркетите за да си купат храна.
„Во градот сигурно има постари луѓе, пензионери кои живеат сами и на кои нема кој да им купи храна, иако ние како здружение немаме точни податоци. Луѓето се навикнати, во петокот си купуваат храна со надеж дека во сабота ќе го сторат истото, но овој пат мерката за карантин ги изненади. Можеби требаше да се соопшти порано, за да имаат време да си обезбедат намирници. Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане имаме околу 15.000 пензионери“, вели Благе Јакимовски, претседател на Здружението на пензионери Куманово.
Дел од граѓаните навреме си купиле резерви со храна, а дел тоа го направија во последен момент.
„Ние имаме храна дома, се снајдовме, имам и две постари лица дома, но добри сме“, вели Снежа Димитриевска, граѓанка.
Луѓето кои се во ризична група, спасот го бараат во рурални средини, каде нема заразени.
„Откако заразата се прошири во Куманово, заминав во село Пелинце со сопругата. Јас имам 76 години, а таа 70 години, и природно имунитетот ни е ослабнат, имаме проблеми со дијабетес. Куманово за кратко време стана рекордер со бројот на заразени. Во селото имам пристап до интернет, следам медиуми, и сите препораки на Владата, се почитуваат со една железна дисциплина. Што се однесува до набавка на храна и лекови, имам список, и децата ме снабдуваат. На две недели набавуваме храна“, раскажува Бранко Тасевски, пензионер.
Од Општина Куманово информираат дека досега за социјално загрозените граѓани се поделени вкупно 300 пакети. Од нив 100 пакети се поделени викендов, и тоа 60 во саботата и 40 во неделата, со помош на Црвен Крст и Општинскиот кризен штаб.
Претходно 100 пакети се поделени со Црвен Крст и 100 пакети со маркети Елида.
Уште од 22 март општинскиот штаб за заштита и спасување бараше ограничување на движењето во градот.
Во градот има над 100 заболени, и неколку смртни случаи.
Во Дебар, стававањето на градот во карантин даде резултати.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




