Карантински викенд за кумановци
Објавено во: Македонија 04 Април, 2020 07:04
Кумановци од денеска ќе бидат во целосен карантин. Таква одлука донесе синоќа Владата, откако бројот на заразени со новиот коронавирус почна забрзано да се зголемува во овој град. Воведен е полициски час, кој стапи на сила од синоќа во 21 часот и и трае до понеделник до 05 часот изутрина. Во текот на работните денови, пак, полицискиот час за кумановци ќе почнува од 16 часот попладне, што значи дека граѓаните ќе може да се движат само од 5 часот изутрина до 16 часот попладне.
Според последните информации во општата болница во Куманово има 11 нови регистрирани пациенти заразени со Ковид-19, што сериозно ја нарушува работата на Инфективното одделение, каде и претходно имаше регистрирани пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека во текот на наредните денови, еден доктор од Скопје и еден од Штип ќе бидат преместени во Куманово на инфективното одделение
-Со
оглед на тоа што се очекуваат резултатите од тестовите и на други лекари и
технички персонал, ќе се реорганизира работата и во другите одделенија на
болницата, изјави министерот Филипче.
Инаку, од вкупно 46-те новозаразени пациенти во деноноќието
четврток спрема петок, 23 се од Куманово. Моментално, на Инфективната клиника во
Скопје се наоѓаат 67 пациенти, од кои 10 имаат тешка клиничка слика,
информираат здравствените власти, соопштувајќи дека вкупната бројка на
инфицирани сега е 430.
Градоначалникот Максим Димитриевски рече дека граѓаните ќе имаат помош.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





