27 Јули, 2024
0.0402

Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака*

Објавено во: Мои пари 19 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата
позиција на турнирот од светската премиер лига, Серија А, што се одржа
во Ларнака, Кипар. Претставничката на скопскиот клуб беше меѓу 946
натпреварувачи од 83 држави што се бореа за највисоките признанија.

Заборска во елиминацискиот дел забележи три убедливи победи, а во
осминафиналето заработи тешка повреда на носот на пет секунди пред
крајот со Ксенија Дрончанка од Полска. По ова, македонската
натпреварувачка доби лекарска забрана да ги продолжи борбите. Нејзината
противничка во четвртфиналето Мирна Атија од Египет се пласира во
финалето, но забраната за настап ја ограничи Заборска и таа на крајот го
зазеде високото седмо место во конкуренција на 96 спортистки во
категоријата под 55 килограми.

Заборска ги оствари следните резултати против: Софи Сантило (Англија)
4-1, Лаура Бергант (Словенија) 3-1, Ксенија Дрончанка (Полска) 1-0,
Мирна Атија (Египет) 0-0. Викторија Јовановска ја победи Алис Варџиу од
Италија, но беше поразена од холандската спортистка Ашлеј Какијај. Давид
Петков оствари три победи и тоа против: Јевгени Середа (Украина) 4-2,
Алесандро ди Марко (Италија) 1-0 и Џоби Вилсон (Англија) 4-1. Петков
беше поразен од украинецот Валентин Наида.

Витомир Трајковски ги совлада Давид Шетохин (Украина, 6-1) и Хон Ибара
(Шпанија, 3-0), но беше поразен со 2-1 од Нико Мантере од Финска.
Останатите резултати на каратистите на „Макпетрол“ се: Петар Заборски -
Саман Едалати (Иран) 0-3 и Петар Спасеновски - Аро Туоминен (Финска) 3-6.

*пр објава

Можеби ќе ве интересира

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје