18 Декември, 2025
0.0938

Караванот продолжува низ Македонија: Трет Саем за Вработување во вторник од 11 до 15 часот во Безистенот во Штип!

Објавено во: Мои пари 02 Ноември, 2014 13:09

Добивај вести на Viber

Упорниот труд и работа секогаш креираат успех. Агенцијата за Вработување, водејќи се од таа мотивирачка мисла како водечко кормило, веќе по трет пат организира Саем за Вработување. Овој пат, истиот се сели од Неготино во Источна Македонија, во Безистенот во Штип и ќе се оддржи на 04.11.2014 (Вторник), а ќе трае од 11:00 до 15:00 часот.

Претставници од 32 компании на сите заинтересирани посетители ќе им ги претставаат бараните информации за понудата на нови работни места, како листа на потребни квалификации како работно искуство и вештини кои треба да се поседуваат. Граѓаните кои имаат желба да ја пронајдат својата идна професија и да ја надоградат својата кариера, имаат можност да ја разгледаат заедничката побарувачка и понуда на пазарот на труд во републиката во категории кои се движат во најразлични правци како металната, дрвната, текстилната, печатарската, електронската, производствената, итн).

Воедно, ова е и одлична шанса за најмладите баратели на работа, да дознаат многу повеќе за своето можно идно вработување по завршување на образованието, како и шанса да се запознаат и да воспостават контакт на опуштен и неформален начин, со некоја од компаниите учеснички на саемот во Штип.

”Мотивирани да го продолжиме позитивниот тренд на заинтересираност и посетеност од првите два саеми за вработување кои се оддржаа во Скопје и во Неготино, овој Вторник, (04.11.2014), во Безистенот во Штип, во организација на Агенцијата за Вработување на Република Македонија, ќе се претстават 32 компании од Република Македонија од повеќе диверзифицирани дејности и индустрии. Сите активни баратели на работа, а и оние кои се вработени, но имаат желба да го променат своето работно место, се добредојдени да го посетат саемот, да ги остават своите резимеа и да дознаат подетални информации за понудите на компаниите кои ќе се претстават на третиот саем за вработување во државата. Овој пат, спектарот на компании е поширок и поразгранет, во кој се вклучени претставници на компаниите како на пример од дрвната, електронската, металната, текстилната индустрија и други. Истото претставува можност за граѓаните со најразличен тип на едукација и искуство, да најдат нова шанса за работно место според своите лични преференци и очекувања за градење на своите кариери”.  - изјави Влатко Поповски, Директор на Агенција за Вработување на Република Македонија.”

Во состав на саемот, ќе се оддржи и Панел Дискусија за Работодавачи (во 12:00 часот), како и Инфо Средба за Млади (во 13:00 часот).

 

Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“