Каролина во салонот на Македонски Телеком делеше автограми и подароци за своите фанови
Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2015 18:26
Голем број на фанови на нашата поп-дива денес во салонот на Македонски Телеком во Градскиот Трговски Центар дојдоа за да се приклучат на бесплатната услуга LOOP и да добијат подарок ЦД потпишано лично од Каролина. Во пријатна и весела атмосфера тие можеа да поразговараат со неа и да се сликаат.
Утре на 20 декември, од 12:30 до 14 часот, во Телеком продажниот салон во Сити Мол Скопје. истите подароци со нејзиниот потпис ќе бидат достапни за сите нови корисници на LOOP услугата.
Ако се прашувате зошто токму LOOP, најнапред затоа што празници се ближат! А, тие секогаш се одлична можност семејствата да седнат заедно на маса, да се навратат на старите добри времиња и да споделат нови прекрасни заеднички моменти кои би било прекрасно да ги овековечат преку фотографија или видео, кои потоа ќе бидат достапни до секого на едноставен начин. Токму услугата LOOP ја нуди оваа можност! Со LOOP, брзо и едноставно, фотографиите и видеата ќе бидат достапни на нивните паметни телефони, на MaxTV, на компјутер и на таблет.
Потребно е само да се активира услугата LOOP на www.loop.mk, да се кликне на копчето “регистрирај се” и сајтот ќе ве води чекор по чекор низ постапката, или пак да се преземе бесплатната апликација од Google Play и App Store. Потоа, следува споделување!
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка






