Карпош размислува за зголемување на партиципацијата во градинките, храната е многу поскапена
Објавено во: Македонија 06 Мај, 2022 12:08
Општина Карпош размислува за зголемување на партиципацијата што родителите ја плаќаат за децата во градинките, затоа што добавките на храна и хигиенските трошоци се поскапени.
Ова го соопшти општината по средбата на градоначалникот Стевчо Јакимовски со директорките на градинките.
Средбата се одржала на барање на директорките, а посебен акцент бил ставен на притисокот од страна на добавувачите за пораст на цените на прехранбените и хигиенските производи кои се користат при секојдневното згрижување на децата.
„На ова се надоврзува и зголемените трошоци на електрична енергија и парно со што финансиската состојба со предучилишните установи ја прави неодржлива. Раководствата на овие установи се соочуваат со секојдневни најави за раскинување на договори за снабдување со храна и други материјали потребни за извршување на дејноста. Директорките истакнаа дека сето ова се одразува негативно на квалитетот на услугите во згрижувањето на децата, на функционирањето на техниката и опремата како и на тековното и инвестиционото одржување“, соопшти локалната самоуправа.
Заеднички став е дека или владата мора да ги зголеми блок дотациите или треба да се зголеми партиципацијата за згрижување на децата во градинките која изнесува 1490 денари за еден месец, а е непроменета од 2002 година.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




