18 Декември, 2025
0.5178

Карпош вечерва во ритам – кандидатот за градоначалник Лукровски на сцена со познати пејачи

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2025 15:38

Добивај вести на Viber

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, вечерва ќе се претстави пред граѓаните на општината на еден поинаков начин – преку концертна забава. 

Вечерва во 18.00 часот на платото кај Млечен ќе се одржи неконвенционална промоција на кандидатот за градоначалник за Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. 

На настанот ќе настапат познатите музички имиња Бојана Скендеровски, Александар Тарабунов и Два бона. 

Лукровски избра концепт на неформална дружба со граѓаните, со цел, како што вели, „на непосреден и демократски начин да ја претстави својата програма и уверувањата кои ги застапува во кампањата“. 

Фото: Женски магазин


Настанот е замислен и како промоција на македонската песна и на домашните уметници, но и како можност граѓаните директно да бидат дел од неговата изборна активност.

Во изјава за Женски магазин, Лукровски истакна дека е оптимист и очекува изборна победа. „Се надевам на поддршка од граѓаните и верувам дека заедно ќе донесеме позитивни промени за Карпош,“ рече кандидатот.

Фото: Женски магазин


Поддршка за него дадоа и самите изведувачи. Пејачката Бојана Скендеровски, која првпат ќе настапи пред карпошани, рече дека лично го познава Лукровски и за него може да каже само убави зборови.

 „Ми е особена чест што ќе пеам во Карпош, бидејќи досега мојата музика немала простор тука,“ изјави таа. 

Премиерно вечерва во Карпош ќе се изведе и химната „Со љубов за Карпош“ во изведба на Андријана Јаневска, Огнен Здравковски и Бојана Скендеровски. 

Огнен Здравковски, ја потврди својата подготвеност да застане зад ваков настан кој ги поврзува музиката и локалната политика.

Целото видео од прес-конференцијата погледнете го во продолжение:


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија