Касами: Оваа криза е резултат на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ
Објавено во: Македонија 02 Март, 2017
„Оваа криза е резултат на двете партии, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои и понтаму водат политики кои се на штета на државата, иако глумат дека не се заедно. Ние знаевме дека оваа игра на претседателот со барањето потписи како гаранција е алиби на Иванов да не го додели мандатот“ рече Билал Касами од Движењето Беса по средбата со високата претставничка на Европската Унија, Федерика Могерини.
Касами потенцира дека Македонија влегла во институционална криза откако паднала и институцијата претседател на државата.
Мендух Тачи од ДПА пак смета дека е залудно што Албанците се организираат во партии кога постои еден човек кој нивните гласови ги множи со нула и смета дека вокабуларот кој што се користи деновиве наликувал на тој од 90-тите години.