05 Декември, 2025
0.0508

Катастарот си ја заврши работа, покриена е цела Македонија

Објавено во: Економија 21 Декември, 2012 14:12

Добивај вести на Viber

Република Македонија воспостави целосен катастар на недвижности, откако вчера беше потпиша последното решение со што катастар на недвижности доби и селото Драчево. „Постапката за воспоставување катастар на недвижности во земјава е почната во 1986 година со донесување закон. Во 1988 година првпат е стапена на сила една катастарска општина во кривопаланечкиот регион и до 2005 година изнесува околу 40 проценти од целата територија, а сега веќе го заокружуваме со воспоставување на катастарот на недвижности, рече директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески. Тој додаде дека со воспоставување на катастарот на недвижности паралелно може да се види голем тренд на пораст на предметите. Така, во 2007 година имало 389.000 примени предмети од кои 8.300 нерешени предмети, а во 2011 година го достигнува рекордот примајќи 1.160.000 предмети, а годинава  има примено 1.027.000 предмети. Вкупниот број нерешени предмети изнесува 1.967, појасни Трпескии додаде дека со растот на предметите во Катастарот, расте и бројот на запишаните хипотеки, што е одраз и на државата и стопанството. „Во 2005 година имавме 2.920 хипотеки запишани, во 2012  имаме 10.433 хипотеки. Вредноста на запишаните хипотеки во 2007 година била 456 милиони евра, а во 2011 година 3.654 245.000 евра на запишани недвижности. Оваа година ја завршуваме со 5.000.462.000 евра запишани недвижности оптоварени со хипотеки“,  истакна директорот. Инаку по Нова Година Агенцијата нема да ги води повеќе хипотеките, а граѓаните нема да имаат потреба да бараат потврда од катастар. Сите податоци за хипотеките ќе бидат објавени на веб страницата на Катастарот и во Службен весник. Согласно Законот за катастар на недвижности, од 2008 година Агенцијата ја презеде надлежноста од судовите за водење на Интабулациските книги, а со измени на законот од 2012 година имаше обврска да изврши идентификација на интабулациските книги и тие да ги пренесе во имотните листови, а оние кои не можат да се идентификуваат да се објават на веб страницата на Агенцијата и да се објават во Службен весник на Македонија. Од Катастарот, информираа и дека е извршена контрола на работата на геодетски фирми при што е констатирано неправилности кај 47  и им е изречена глоба, а на три им се одземени дозволите, а контролата ги опфатила и одделенијата на катастарот по општините, при што против шестмина вработени има поднесено кривични пријави. Во однос на запишување на легализираните дивоградби, директорот Трпески информира дека досега се впишани 25 илјади дивоградби и апелираше до сите граѓани кои имаат легализирано објект да го впишат во Катастарот, бидејќи според евиденцијата на Министерството за транспорт и врски бројот на легализирани куќи изнесувал 35 илјади.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното