Катица Јанева ќе биде во притвор во родната Гевгелија
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2020 13:34
Осудена е на седум години затвор, но уште е во куќен притвор. Додека Апелација не ја потврди првостепената пресуда за поранешната јавна обвинителка Катица Јанева таа ќе остане дома. Сепак веќе нема да е во Скопје. Досега престојуваше во стан кој се наоѓа во самиот центар на градот блиску до Клубот на пратеници, но отсега Јанева ќе биде во куќата во родниот град Гевгелија. Таму ќе продолжи да го издржува куќниот притвор.
Ова беше соопштено денеска во судница, кога се одложуваше рочиштето на кое Катица Јанева го тужи Боки 13 за неовластено снимање. Сепак Бојан Јовановски не се појави на судењето затоа што неодамна имаше операција на желудникот и е хоспитализиран.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




