Кавадарчанецот Илија Панов доби 16 години затвор - по бруталното убиство кое ја потресе македонската јавност
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2025 12:46
Основниот суд Кавадарци го осуди кавадарчанецот Илија Панов на 16 години затвор за убиство на партнерката Сузана.
Во јануари оваа година, МВР соопшти дека жената која беше пронајдена почината од ќерката била убиена, а полицијата го уапси нејзиниот партнер.
Министерството за внатрешни работи тогаш информираше дека расчистено е убиство во Кавадарци, а осомничениот е приведен.
Полициски службеници од ОВР Кавадарци тогаш го лишиле од слобода 42- годишникот Илија Панов.
- Тој се сомничи дека на 22.01.2025 во нејзиниот дом со гушење ја убил неговата партнерка С.С.С.(52) од Кавадарци. Починатата беше пронајдена од нејзината ќерка Д.Т., која веднаш го пријавила настанот во полициска станица.
Додека, по преземени мерки од полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при МВР и по извршени вештачења и анализи во координација со ОЈО Кавадарци, обезбедени се докази и дојдено е до сознание дека И.П. го сторил делото - информираа од МВР.
ОВР Кавадарци против него поднесе кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик – „убиство“, а судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци му определи мерка притвор од 30 дена и беше спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат
Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“
Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво





