КАВАДАРЦИ, СТРУМИЦА, ШТИП, ВЕЛЕС И КИСЕЛА ВОДА ТРОШАТ НАЈМНОГУ НА ЗАБАВА - истражувањето откри дека не го применуваат Законот за јавни набавки
Објавено во: Македонија 19 Декември, 2024 12:15
Само од јануари до октомври годинава, општините на пејачи и на други забавувачи потрошиле 961 илјада евра. До крајот на 2024 година, се очекува дека сумата ќе надмине еден милион евра.
Минатата година за истата намена биле потрошени 1 милион и 11 илјади евра, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за исплатите за трошоците на општините за забавни манифестации.
Најскапо платена, годинава, е Северина, за која Крива Паланка издвоила 25 илјади евра. Сепак, според истражувањето, годинава најмногу пари добила Јелена Розга – 42 илјади евра, за два настапа, во Берово и во Штип.
- Лани, најскапо бил платен Саша Ковачевиќ, кој од Штип добил скоро 26 илјади евра. Најмногу пари на забавни манифестации трошат општините Кавадарци, Струмица, Штип, Кисела Вода и Велес. Овие услуги општините ги набавуваат преку помалку транспарентни постапки или наоѓаат начини да не го применат Законот за јавни набавки. Вакви трошоци имале 50 општини. Од другите, 29 немаат, а две не доставија податоци - објаснуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Забавните манифестации што општините ги организираат по разни поводи, како одбележување некои празници (Нова Година) или нешто што е специфично за таа општина (храна, пијалак, традиција и сл.) ги чинат граѓаните повеќе од 1 милион евра, секоја година.
Притоа, додаваат од ЦГК, ова се пари што општините ги плаќаат од своите буџети и во сумата не влегуваат парите што за оваа намена се платени преку донации, најчесто од фирми и поединци.
Истражувањето е направено според податоците добиени од општините врз основа на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Фото: Принтскрин/Центар за граѓански комуникации
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




