18 Април, 2024
0.0265

КАВАДЕРЕЧКИ „ИГМ ТРЕЈД“ СО ДОНАЦИЈА ОД НАД 833 ИЛЈАДИ ЕВРА - пакет помош за здравството и економијата

Објавено во: Мои пари 07 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Една од најголемите и најуспешните македонски компании, „ИГМ Трејд“ од Кавадарци, донираше над 833 илјади евра, со цел да помогне земјава полесно да се справи со кризата предизвикана од коронавирусот. 

„Со цел да помогнеме во справувањето со коронавирусот КОВИД-19 во нашата држава, како општествено одговорна компанија и еден од столбовите на македонската економија, донесовме одлука за обезбедување на следниот пакет помош“, велат од компанијата.


Парична донација од 15.375.000 денари (250.000 евра) за потребите на Министерство за Здравство, префрлени на посебна наменска донаторска сметка на Министерството за Здравство на Република Северна Македонија, наменети за сите здравствени институции во државата кои ја водат најтешката борба во услови на глобална здравствена криза.  

Однапред извршена аконтативна уплата на данок на добивка во износ од 27.913.385 денари (453.876 евра) од кои 6.585.727 (107.085 евра) за 2020 година и 21.327.647 (346.791 евра) за 2021 година, подршка за државниот буџет и зголемување на неговата ликвидност.

Однапред извршена аконтативна уплата на данок на имот во износ од 7.995.000 денари (130.000 евра) за Општина Кавадарци, подршка за општинскиот буџет и зглемување на неговата ликвидност.

Со овој пакет помош од вкупно 51.283.385 денари (833.876 евра) сакаме да дадеме личен пример за улогата на корпоративниот сектор во Македонското општество и да ги поттикнеме сите компании во државата да дадат свој придонес во борбата со корона вирусот“, нагласуваат од „ИГМ Трејд“.

Од компанијата потенцираат и дека во неа се применуваат сите превентивни мерки доставени  од здравствените власти и од Владата.

„Заштита на нашите вработени и на нашите клиенти е наш врвен приоритет, и упатуваме апел до сите граѓани во државата истите да се почитуваат, со желби за добро здравје и брзо надминување на кризата“, информираат од компанијата.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година