Kaзино „Фламинго“ Хотел Гевгелија ги става на располагање своите ресурси на државата за борба со корона вирусот
Објавено во: Мои пари 16 Март, 2020 15:34
Казино „Фламинго“ Хотел Гевгелија, односно компанијата МАКОТЕН ДООЕЛ соопшти дека денеска ги информирала Владата, Министерството за здравство и Општина Гевгелија дека во интерес на здравјето на граѓаните и за полесно справување на државните институции со предизвиците околу ширењето на корона вирусот, ги става на располагање своите ресурси.
Од Казино „Фламинго“ наведуваат дека имаат на располагање 17 апартмани и 42 соби од кои една за лица со посебни потреби кои можат да се користат како место за изолација или карантин, а хотелот може месечно да одржува 7.000 килограми чиста постелнина по најсовремени стандарди.

„Персоналот во хотелскиот ресторан може да подготвува 1.500 оброци дневно, а истовремено во овој момент располагаме со 2.000 килограми свежо овошје и зеленчук, како и 2.000 јајца кои сме подготвени да ги донираме онаму каде што ќе одлучи Владата“, пишува во соопштението од „Фламинго“.
Оттаму додаваат дека се подготвени за соработка со надлежните државни институции за претходна подготовка и инспекција на вработените и на просторот согласно сите епидемилошки најстроги критериуми.
„Сметаме дека во овие тешки моменти, кои освен закана за здравјето, предизвикуваат и економски последици за граѓаните и државата, наша должност е да се однесуваме одговорно и во служба на јавниот интерес“, велат од казино „Фламинго“.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




