19 Декември, 2025
0.1600

КАЗНИ И ДО 140 ИЛЈАДИ ЕВРА АКО ЈА ЗАГАДУВААТ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА – еве што предвидува Законот за контрола на индустриските емисии

Објавено во: Македонија 21 Август, 2025 07:43

Добивај вести на Viber

Високи казни кои се движат и од 70 илјади евра, па се до 140 илјади евра се предвидени со Законот за контрола на индустриските емисии кој веќе е доставен пред пратениците во Собранието. Како што се истакнува, се утврдило дека со досегашниот систем на издавање на интегрирани еколошки дозволи има слабости, што наметнало потреба од надградување на системот на издавање на интегрирани еколошки дозволи. Истовремено се најавува подетално регулирање во однос на големите индустриски капацитети, намалување на административните бариери и воведување на општи обврзувачки барања за заштита на животната средина за активностите од помал обем (Б-инсталации), со кои ќе се овозможи регулирање на работата на инсталациите, односно постројките, на унифициран начин на целата територија на Македонија.

Деталите од законот откриваат дека казните или глобите се поделени во три категории, и притоа прекршочните казни во првата категорија почнуваат од 6 илјади евра, но достигнуваат до високи 70 илјади евра.

-  Глоба во износ од 6.000 до 7.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 13.000 до 14.000 евра за мали трговци, 37.000 до 41.000 евра за средни трговци и од 62.000 до 69.000 евра за големи трговци – се посочува во законот доствен во Собранието.

Овие глоби се планираат во случај кога компанијата не го информира надлежниот орган во општината, градот Скопје и Државниот инспекторат за животна средина, односно овластениот инспектор за животна средина во случај ако има прекршување на почитување и постапување по барањата дадени во A-интегрираната еколошка дозвола.

Многу повисоки казни законо предвидува во случај на хаварија.

-  Глоба во висина од 9.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 18.000 до 20.000 евра за мали трговци, од 53.000 до 59.000 евра за средни трговци и од 88.000 до 98.000 евра за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице, односно 3.000 евра во денарска противвредност за трговец поединец– се нагласува во законот.

Овие казни се во случај компанијата да не ги информира надлежните во случај на хаварии и несреќи од овој закон, ако не започнал веднаш да презема мерки со кои ќе се обезбеди усогласеност со условите во дозволата во што е можно пократок рок во случај ако има прекршување на почитување и постапување по барањата дадени во интегрираната еколошка дозвола. Високи казни ќе бидат изречени и ако не спроведува мониторинг на емисиите што се испуштаат во животната средина на начин како што е определено во барањата пропишани во интегрираната еколошка дозвола.

Највисоки казни со овој закин се предвиддени акокомпаниите не превземат итни мерки за ограничување на последиците од несреќи и хаварии во животната средина и спречување на можни понатамошни несреќи и хаварии.

Во овој случај казните почнуваат од 13.000 или 14.000 евра за микро трговци, додека малите трговци ќе добијат од 25.000 до 28.000 евра казна, а од 76.000 до 84.000 евра се предвидени да изнесуваат казните за средни трговци.

Убедливо најголема казна би добиле големите трговци и тоа од 126.000 до 140.000 евра.

Волку високи казни ќе следат и ако не се спроведени мерки за грижа по конечниот престанок на дејностите или активностите за отстранување на опасни материи, контрола, задржување или нивно намалување во почвата по конечното престанување на дејностите или активностите.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот