18 Декември, 2025
0.0487

Ќе го пробијат ли Швајцарците ледот? На сите полнолетни граѓани по 2500 франци месечно

Објавено во: Економија 26 Мај, 2016 09:36

Добивај вести на Viber

Во почетокот на јуни Швајцарија би требало да одржи референдум на кој ќе се одлучува за воведување на основниот доход, според кој државата на секој полнолетен државјанин месечно би му исплатувала загарантирани 2500 франци.

Земјата планира на 5 јуни да одржи национален референдум околу воведувањето на основниот доход. Заговорниците на овој модел кој станува се популарен, од Владата бараат на секое полнолетно лице да му исплатат „приход“ кој после оданочувањето би изнесувал минимално 2500 франци.

Сепак, швајцарската Влада се противи на оваа иницијатива поради која секоја година би морале да издвојат 25 милијарди франци од државниот буџет. Полн износ би им се исплатувал на невработените, додека оние кои работат, а заработуваат помалку од 2500 франци би добиле разлика во износот.

Од Владата порачуваат дека новите даноци или редуцирање на одредени права, ќе и наштетат на економијата. Дебатата околу истиот основен приход за сите почнала во оваа земја во 2013 година.

Заговорниците, од друга страна, тврдат дека Швајцарија е богата земја и дека нема сомнежи дека ова би можела да си го дозволи. Наведуваат и дека стотина илјади работни места се загрозени поради се поголемиот напредок во технологијата, а дека основниот приход би дал некоја сигурност.

Анкетите засега предвидуваат како околу 40 посто Швајцарци ќе го поддржат референдумот за основен доход. Инаку, предложениот износ на само неколку стотина франци е поголем од проценетата граница на сиромаштија која во Швајцарија изнесува 2219 франци, а воедно е и значајно пониска од просечната плата од 6427 франци.

Повеќето од анкетираните Швајцарци велат дека ќе продолжат да работат дури иако се усвои овој предлог. Спред едно истражување, само 10 одсто од нив рекле дека би размислиле за отказ.

Експерименти во Финска, Холандија, Канада ...

Идејата бројните бенефиции на владата да се заменат со еден чек и да им се пратат на сите домакинства, без разлика на приходот и дали на тоа работат или не, се повеќе добива внимание во светот во последните неколку години.

Финска планира воведување на тој проект оваа година, а во експерименталната фаза таа помош ќе изнесува 550, а подоцна и околу 800 евра месечно.

Холандскиот град Утрехт во јануари покренал експеримент и треба сега да се чекаат резултатите да види каков е ефектот. Луѓето во тој град во експериенталниот период ќе добиваат по 1100 евра.

Владата на премиерката Кетлин Вун во Онтарио неодамна соопштила дека работата со учесниците во експериментот ќе одреди и осмисли како треба да се спроведе пилот проектот кој подразбира основен минимален доход“.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје