Добивај вести на Viber
Со новиот закон за функциониери, повисоки плати во Србија ќе земаат министрите и државните секретари.
Министерката за државна управа, Кори Удовички вели дека Светска банка го очекува ова покачување во Србија и мора да се зголемат платите во извршната власт.
„Функционерите кои се во извршна власт, кои се одговорни за својата работа и работа во организациона целина, релативно се едноставни иако многумина го мислат спротивното. Тука пред се од нас Светска банка очекува покачување на платите. Ни треба посебна работна група која ќе се формира за законот за функционери“-вели Удовички.
Таа вели дека во земјата функционерите заработуваат помалку од оние за чија работа одговараат. Министерката вели дека граѓаните за ова мора да имаат разбирање.