Кери зборува за „Исламска држава“, но мисли за Асад
Објавено во: Свет 05 Март, 2015 18:30
Државниот секретар на САД Џон Кери изјави дека може да има потреба од воен притисок за да се избрка од власт актуелниот претседател на Сирија Башар Асад. Првиот американски дипломат во моментов е во посета на Саудиска Арабија.
„Тој загуби секаква легитимност, но ние немаме повеќе важен приоритет од уништувањето и победувањето на Даеш (арапското име на „Исламска држава“) ... На крајот ќе биде потребна комбинација од дипломатија и притисок за да се постигне политичката транзиција“, изјавил Кери за време на посетата во Саудиска Арабија.
Во исто време министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија принцот Сауд ас Фајсал ја повика коалицијата на Вашингтон против џихадисти во Сирија и Ирак да преземе и копнени маневри. Тој додал дека кралството ја „нагласува потребата од обезбедување на воени средства потребни за изведување пред овој предизвик“.
Во своето обраќање пред новинарите Џон Кери коментирал и за преговорите за нуклеарната програма на Иран, додавајќи дека САД ја држат под око „дестабилизацијата“ и активностите на Иран, дури и кога двете страни се обидуваат да постигнат договор. „Дури и кога сме ангажирани во овие дискусии со Иран околу оваа програма, ние нема да експлодираме од иранските дестабилизирачки дејства“, изјавил Кери.
Можеби ќе ве интересира
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки




