КХВ на “Шпаркасе банка” АД Скопје и даде согласност да стекне квалификувано учество за акции во “Mакедонска берза” АД Скопје
Објавено во: Економија 26 Мај, 2016 17:14
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 93 -тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Елизабета Чингаровска на "Шпаркасе банка" АД Скопје и даде согласност за стекнување квалификувано учество во "Mакедонска берза" АД Скопје и во "Централниот депозитар за хартии од вредност" АД Скопје, чиј вкупен кумулативен износ не надминува 20 проценти од вкупно издадените акции со право на глас од двете акционерски друштва.
Согласно Одлуката за купување, "Шпаркасе банка" АД Скопје има намера да стекне 278 обични акции од "Македонска берза" АД Скопје што претставува 9,95 проценти од акционерскиот капитал на берзата и 842 обични акции од "Централниот депозитар за хартии од вредност" АД Скопје, односно 14,03 проценти од акционерскиот капитал на депозитарот.
Доколку "Шпаркасе банка" АД Скопје ја реализира намерата и ги купи акциите, заедно со оние што претходно ги поседува, вкупно би имала 15,97 проценти од акциите на "Македонска берза" АД Скопје и 19,98 проценти од акциите на "Централниот депозитар за хартии од вредност" АД Скопје.
На седницата што се одржа денеска Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија издаде една дозвола за инвестициски советник.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




