„Килафахбук“ – Фејсбук на Исламската држава
Објавено во: Свет 09 Март, 2015 18:50
Групата „Исламска држава“ е во процес на создавање на сопствена социјална мрежа, која ќе го носи името Килафахбук, пишува „Кориере дела сера“.
Целта на мрежата е да се регистрираат следбениците на групата, кои досега имаа профили по други социјални мрежи како Твитер и Фејсбук, или на каналите како Јутјуб.
Според податоците на аналитичарот Џеј Ем Бургер ИД поседува 45 000 профили само на Твитер.
Но откако исламистите неодамна се заканија по животот на вработените во компанијата Твитер, таа затвори 2.000 акаунти, за кои се претпоставува дека се на исламисти.
Други социјални мрежи исто така презедоа слични чекори и ИД одлучила како што изгледа да создаде нова мрежа, во која никој нема да ги тргне профилите на корисниците.
Името на новата мрежата на ИД потсетува на името на мрежата Фејсбук, а првиот дел е арапскиот збор „килафах“, што значи „калифат“.
На насловната страница на мрежата има пропагандна порака, во која нејзините креатори велат дека им се допаѓа да умираат како маченици, исто како и на други луѓе им се допаѓа да живеат.
Доменот на социјалната мрежа е регистриран во Египет на името на Абу Мусаб, кој се тврди дека е жител на ирачката провинција Мосул, кој е бастион на ИД.
Обидите на италијанските новинари да регистрираат профил во оваа мрежата сепак засега не дале резултати, што се наведува на помислата дека мрежата сеуште не е активна. Некои италијански новинари тврдат дека уште пред таа да проработи хакерите им објавиле војна на ИД, па можеби ја нападнале страницата.
Можеби ќе ве интересира
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?




