Добивај вести на Viber
Кинеското министерство за трговија соопшти дека ќе ја разгледа одлуката за воведување на антидампинг царина на пилешкото месо од САД.
Најавата на Пекинг следи откако Светската трговска организација (СТО) пресуди против Кина во четиригодишниот спор.
По кинеското воведување на антидампинг царината за месо, извозот на американското пилешко во Кина, во последните 4 години опадна за 90 посто, што продавачите ги чинеше околу милијарда долари, пренесува Ројтерс.
СТО, меѓутоа, на 2. август донесе пресуда во корист на тужбата на САД, на што Кина вложи жалба.