Кина ја лансираше првата мисија кон Месечината
Објавено во: Мои пари 24 Октомври, 2014 14:03
Кина денеска ја ласираше првата мисија до Месечината, која треба да биде последниот чекор до реализација на програмот упатување Кинези на месечината.
Леталото без екипаж ќе лета до Месечината, кое ќе го заобиколи и потоа ќе се врати на земјата, соопшти државната администрација за наука, технологија и одбрамбена индустрија (SASTIND).
Првата фаза од мисијата е успешна, речено е после лансирањето од вселенската база Кисичанг во провинцијата Сичуан.
Кинеската агенција Синхуа објави дека после осум дена, вселенското летало би требало да се врати во атмосферата со брзина од 11,2 километри во секунда пред да се забави и потоа спушти на северот од Кина.
Мисијата има за цел тестирање на технологијата која би требало да се искористи во мисија со цел земање проба од тлото на Месечината, и која би требало да биде реализирана до 2017 година.
Планирано е да се воспостави редовна станица во орбитата до 2020 и упатување на луѓе на месечината.
Кина во моментот има едно возило на тлото на месечината, кое е лансирано минатата година и прогласено со успех, и покрај фактот дека имало технички проблеми.
Можеби ќе ве интересира
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“




