Кина ќе гради повеќе од 2 илјади аеродроми до 2030 година
Објавено во: Свет 20 Март, 2015 20:35
Повеќе од 2.000 аеродроми ќе бидат изградени во Кина до 2030 година. Ова го истакнал шефот на Граѓанската воздухопловна управа на Кина (CAA), соопштува „Want ChinaTimes“.
Шефот на администрацијата ги истакнал своите ставови пред „Aviation Industry Corporation of China“, но остануваат непознати во однос за изворот на финансии за изградбата на овие аеродроми или дали предложениот план ќе привлече приватни инвеститори.
Тој не открил детали, туку само ја истакнал својата визија за авијација и индустрија во Кина, според локалниот весник „21st Century Business Herald“ во Гуангжу.
Весникот појаснува дека кинеската администрација планира да ја прошири воздухопловната инфраструктура на земјата со изградба на над 2000 аеродроми до 2030 година.
Минатата година „CAA“ почнала да дава дозволи на локалните воздухопловни органи да го следат спроведувањето на планот.
Аеродромите нема да се користат само за целите на патничката авијација. Еден таков аеродром, според весникот, ќе чини во просек помеѓу 2 и 3 милијарди јуани (322 - 484 милиони долари).
Можеби ќе ве интересира
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?




