Кина обвини, а Казахстан демантира дека кај нив се шири болест поопасна од короната
Објавено во: Свет, Корона Вирус 10 Јули, 2020
Кина обвини, а Казахстан негира дека кај нив се шири болест поопасна и од коронавирусот.
Кинеската амбасада во Казахстан ги предупреди своите граѓани во таа земја за ширење непознат вид пневмонија со висока стапка на смртност.
Како што пишуваат казахстанските медиуми, oд средината на јуни поголем број пациенти со пневмонија се појавиле во регионот Атира и градот Шимкент.
„Бројот на заразени лица во тие региони е приближно 500, а 30 се во критична состојба“, велат од амбасадата.
„Спутник“ пренесува дека кинеската дипломатска мисија тврди дека овој вид пневмонија има поголема стапка на смртност од коронавирусот.
Амбасадата ги повика кинеските граѓани во Казахстан да се придржуваат кон мерките, да избегнуваат јавни места, да користат средства за дезинфекција, често да ги мијат рацете и да носат заштитни маски за лице.
Се советува и луѓето со симптоми веднаш да побараат лекарска помош.
Со реакција се јавија властите во Казахстан.Тие ги отфрлија предупредувањата на кинеската амбасада во таа земја за ширење на вирусот на пневмонија кој е „посмртоносен од коронавирусот“ како лажни и неосновани вести.
„Информациите објавени од некои кинески медиуми за нов вид пневмонија во Казахстан не се точни“, објави Министерството за здравство на Казахстан.
Повеќе од 50.000 луѓе се заразени во Казахстан, а 264 лица починаа.
Инаку, коронавирусот се шири брзо и надвор од контрола, алармираа од СЗО.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.