18 Декември, 2025
0.0443

Кина очекува прифатливо решение за сите страни во војната во Украина

Објавено во: Свет 18 Август, 2025 11:01

Добивај вести на Viber

Кина очекува сите страни поврзани со украинската криза да учествуваат во мировни преговори со цел постигнување траен договор, прифатлив за сите засегнати страни, изјави денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.

- Се надеваме дека сите страни и актери ќе се вклучат во мировни преговори навреме и што е можно поскоро ќе постигнат праведен, траен, обврзувачки и прифатлив договор, рече Мао на прес-конференција.

Денеска европски лидери ќе му се придружат на украинскиот претседател Володимир Зеленски на разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон – три дена по средбата на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска.

Коментирајќи ја средбата Трамп–Путин, Мао Нинг истакна дека Пекинг ги поддржува сите напори за мирно решавање на украинската криза и додаде дека кинеските власти ќе помогнат со сопствени методи.

- Продолжуваме на наш начин да ги убедуваме страните во потребата од преговори, рече таа во одговор на новинарско прашање дали Кина е подготвена да гарантира безбедност на Украина во случај на договор за прекин на огнот.

Кина, според Мао, „го поздравува одржувањето контакти меѓу Русија и САД, подобрувањето на нивните односи и придонесот кон политичко решение на украинската криза“. 


Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел