Кина забележа економски раст од 7,8 проценти во 2012
Објавено во: Свет 18 Јануари, 2013
Економскиоит раст на Кина забележа забавување до 7,8 проценти во 2012 година, поради надворешни и внатрешни негативни фактори, соопшти кинеската Национална статистичка служба. Темпото на раст, кое е најслабото во изминатите десет години, бележи пад во однос на нивото од 9,3 отсто во 2011 година и 10,4 проценти во 2010 година. Бруто домашниот производ во земјата се зголемил за 7,9 проценти во последното тримесечие по седум тримесечија едно по друго на постојано економско забавување. Во 2012. година БДП достигнал 8,28 билиони долари. Кина очекува темпото на растот на економијата оваа година да изнесува 8,4 проценти.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.