Кинеската инфлација продолжува да расте
Објавено во: Свет 09 Јули, 2013
Кинеската годишна инфлација продолжува да расте 16-ти месец по ред, покажуваат официјалните податоци објавени денеска. Минатиот месец таа се зголеми за 2,7 отсто. Во мај потрошувачките цени пораснаа за 2,1 отсто на годишно ниво.
Во јуни најмногу скокнале цените на храната, за 4,9 отсто и одново биле главниот генератор на инфлацијата.
Во првите шест месеци од годината, цените пораснале за 2,4 отсто во однос на истиот период лани.
Кина за оваа година одреди целна стапка на инфлацијата од 3,5 отсто, во однос на минатогодишните реални 2,6 отсто.
Втората по големина светска економија порасна во минатата година за само 7,8 отсто, најбавно темпо за последните 13 години. Во првите три месеци од годината, активностите пораснале за 7,7 отсто.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.