03 Декември, 2024
0.0257

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување

Објавено во: Свет 06 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Кинески хакери пристапиле до мрежите на американските провајдери на широкопојасен интернет и добиле информации од системите што ги користи федералната влада за судски овластено прислушување, објави денеска Волстрит журнал, пренесува Ројтерс.

Хакери ги пробиле телекомуникациските компании Verizon Communications, AT&T и Lumen Technologies, меѓу другите. Неодамна беше откриено хакирањето на мрежите на овие компании, објави WSJ, повикувајќи се на упатени извори.

Според WSJ, хакерите можеби со месеци имале пристап до мрежната инфраструктура што овие компании ја користат за да соработуваат со американските судови во барањето комуникациски податоци. WSJ исто така тврди дека хакерите пристапиле и до други сегменти од интернет сообраќајот.

Кина: Не сме запознаени со тоа

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска одговори дека не знаело за нападот опишан во написот на WSJ, додавајќи дека САД во минатото биле познати по тоа што „измислиле лажна приказна“ за да ја обвинат Кина.

„Во време кога сајбер безбедноста стана заеднички предизвик за сите земји во светот, овој погрешен пристап само ќе ги попречи напорите на меѓународната заедница заеднички да одговори на предизвикот преку дијалог и соработка“, одговори кинеското министерство за Ројтерс.

WSJ: Собрана интелигенција

WSJ пишува дека нападот го извршила кинеска хакерска група со цел да собере разузнавачки информации. Американските истражители овој напад го нарекоа „Солт тајфун“.

Претходно оваа година, американските власти открија голема кинеска хакерска група наречена „Лен тајфун“, неколку месеци откако се соочија со Пекинг поради обемна сајбер шпионажа во кампањата наречена „Волт тајфун“.

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека кинеските агенции за сајбер безбедност пронашле и објавиле докази кои покажуваат дека Volt Typhoon е дело на „меѓународна организација за откупнина“.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото