Добивај вести на Viber
Кинеските експерти до крајот на јули, до владата на Србија треба да ја достават физибилити студијата со која ќе се види колкава е оправданоста за изградба за каналот на реката Морава, кој Кинезите ја разгледуваат обемната документација од Србија.
Кинеската компанија бесплатно ја работи оваа студија и Србија за тоа нема да плати ниту динар, соопшти в.д. директорот на Републичката агенцијата за просторно планирање Драган Дунчиќ.
По завршувањето на физибилити студија, српското министерство за просторно планирање треба да направи просторен план за проектот, појаснува Дунчиќ кој нагласи дека Владата се уште не го одобрила буџетот од потребните 70 милиони за развој на овој план.
„Ако финансирањето биде одобрено, до крајот на јули ќе биде распишан тендерот за развој на просторниот план", рече Дунчиќ на состанокот на управниот одбор, на кој се усвојуваше извештајот на Министерството за природни ресурси, рударство и просторно планирање за периодот февруари - април 2013 година.
Тој потсети дека кинеските експерти двапати доаѓаа во Србија, ја шетаа Морава, собираа потребни документи и ја мереа реката, за што Владата не потроши дополнителни средства. Според Дунчиќ, без развој на просторното планирање и целосната студија не е можно да се спроведе каква било инвестиција во Србија.
Пратениците од опозициските партии прашуваа дали се планира ново задолжување на Србија за испла на проектот, за што Дунчиќ одговори дека изработката на просторно планската документација не мора да значи дека проектот и ќе се спроведе, но укажа и дека Србија не треба да се задолжува туку каналот може да се направи преку концесија.
Тој посочи дека изработката на комплетна документација за толку голем проект понекогаш да трае со години и истакна дека без оглед на тоа дали на каналот ќе биде изграден или не, Србија мора да има регионален план за Јужна и Западна Морава , со што еден дел од песокот од оваа област, усогласено со плановите би се искористил за изградба на автопатот Појате-Прељина.
Поради големиот интерес на членовите од подготовките околу каналот Морава, беше договорено да се одржи специјален состанок на одборот посветен само на тој проект, јавија српските медиуми.