24 Ноември, 2024
0.0972

Кире Наумов: Следната недела очекувам исплата на првите бескаматни кредити

Објавено во: Економија 10 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Кире Наумов, директорот на Развојната банка на Северна Македонија, очекува следната недела до засегнатите претпријатија-апликанти да се исплатат првите бескаматни кредити. Кредитите ќе се одобруваат со рок на отплата до 2 години со вклучен грејс период од 6 месеци со намена за обртни средства. Првите апликации од 1.263.079 евра веќе се одобрени од Владата. Наумов за „Фактор“ вели дека интересот е огромен, а безмалку сите претпријатија имаат до 50 вработени.

„Можам да споделам дека интересот досега е одличен. Пред два дена за првпат доставивме до Владата информација со 136 обработени кредитни апликации за исто толку компании што вкупно имаат 1.737 вработени. Кредитните апликации се работат тековно, очекуваме најмалку еднаш неделно да доставуваме вакви информации до Владата за да бидат одобрени и да можеме да склучуваме договори со компаниите. Исплатите за оваа прва група ги очекуваме веќе следнава недела.
Она што сметам дека е особено важно е дека од овие 136 компании - 96 отсто се однесуваат за компании што вработуваат до 50 вработени. Или, да бидам уште попрецизен 89 од 136 компании што се предложија на првото одобрување се микро компании кои имаат до 10 вработени. Во оваа група одобрени апликации, има застапено од 30 тина градови во земјата, од сите дејности што ги таргетиравме - транспорт 65 компании, угостителство 60 компании и туризам 11 компании“, вели Наумов.

Веќе е познато дека отплатата на кредитот од страна на кредитокорисникот ќе се врши во квартални отплати. Кредитите се бескаматни и без трошоци за администрирање. Кредитите ќе бидат обезбедени со меница. Некои земји, како на пример Бугарија, како една од мерките за справување со економските последици од корона вирусот посегнаа кон зголемување на капитализацијата на развојните банки. Наумов вели дека зголемувањето на капитализацијата не се однесува на бескаматни кредити, иако очекува следната година Владата добро да го разгледа ова прашање.

„Развојната банка, како и развојните банки во регионот и во светот, освен што е банка, има една специфична улога и да ја поддржува економијата и државните т.е. владините политики за подобар економски развој. За бескаматните кредити, Развојната банка на Северна Македонија дејствува како поддршка на владините политики. Овие кредитни линии ги спроведуваме во име и за сметка на државата.
Оттука, докапитализацијата, односно зголемување на сопствениот капитал на банката, не е тема поврзана со бескаматните кредити. Но во иднина, следната година на пример, верувам дека Владата ќе има позитивен став за докапитализација на Развојната банка од аспект на тоа самата банка да може да понуди поголема поддршка на компаниите во делот на поддршка на домашните компании со осигурување на извозот во странство, откупување на нивните побарувања (факторинг) во странство и во земјата, и слично“, тврди поранешниот заменик-министер за економија.

Покрај бескаматните кредити, кои треба да изнесуваат 5,7 плус 8 милиони евра, Развојната банка, вели Наумов, работи на следната фаза со многу поволни кредити да се помогне стопанството. За тоа се работи на тековниот договор за заем од Европската инвестициона банка, за користење на 50-тина милиони евра поволни кредити наменети за мали и средни претпријатија додека трае кризата со неликвидност.

„Она што во моментов го работиме за да стане достапно преку деловните банки до крајните корисници-компаниите, се средства од 50,9 милиони евра од ЕИБ кредитната линија петта фаза. Она што е ново е дека Владата се вклучи во делот на субвенционирање на трошокот за камата на оваа кредитна линија која Развојна банка ја користи од ЕИБ. Со ова направивме максимални заеднички напори деловните банки да може да понудат каматни стапки кон крајните корисници под исклучително поволни услови. Овие средства очекуваме дека ќе бидат ангажирани најмногу за тековни обртни средства од компаниите.
Исто би сакал да споменам дека во периодов има и други меѓународни институции кои се заинтересирани преку Развојната банка да ја помогнат економијата на земјата во следниот период. Тука пред се зборувам не само за тековниов период во кој главен фокус е задоволување на ликвидносните потреби на компаниите - туку и за периодот на заздравување што следи кога банките ќе треба да и бидат најголема поткрепа на економијата и на компаниите“, дополнува директорот на РБСМ.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?