25 Ноември, 2024
0.0275

Ќе биде ли детектиран во Македонија и јужноафриканскиот сој од кој може да се заразат дури и оние кои веќе го прележале вирусот

Објавено во: Македонија 04 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Денеска од Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија при МАНУ се очекуваат резултатите од анализата за вториот пациент од Битола, кој престојувал во Занзибар. Кај првиот пациент детектиран е британскиот сој уште во текот на вчерашниот ден.

И покрај тоа што официјлно во земјава не се соопштено дека се случува третиот бран на корона вирусот, евидентно е зголемувањето на бројот на новозаразени, откако вчера беа регистрирани 807 случаи, а истовремено се зголемува и бројот на дневните хоспитализации.

Според лекарски извори од ГОБ „8 Септември“, загрижува тоа што во оваа болничка установа се хоспитализирани млади пациенти од Гевгелија, Струмица и од други градови. Истовремено за Факотр откриваат дека станува збор за пациенти кои немаат други коморбидитети.

-Во текот на изминативе денови во „8 Септември“ се трансферирани неколку пациенти од другите градови, и тоа пациенти кои навистина се млади, 27 години, 37 години и така натаму. Тие претходно биле лекувани во тамошните ковид центри, но по влошување на состојбата се префрлени кај нас. Претпоставуваме дека со новите мутации, корона вирусот има еден нов тек, дава поинаква клиничка слика од оние кои претходно ги знаеме, велат за Фактор извори од ГОБ „8 Септември“.

Досега во Македонија, МАНУ го детектираше британскиот сој, за кој веќе е познато дека многу побрзо се шири на што се должи и зголемениот број нови инфекции. Конкретно до 22 февруари ИЦГИБ при МАНУ детектираше 6 различни соеви (clades) и 35 варијанти (lineages) на САРСКов2.

-Голем број на нови варијанти во последните 2 месеци: B.1.1.7 (UK) варијантата прогресивно се шири во последниот месец и е присутна кај 50% од испитуваните примероци во w7/2021. Потоа, B.1.258 (Czech/Slovak) варијантата исто така покажува тренд на забрзано ширење во последниот период. B.1.351 (S.Africa) и P.1 (Brazil) варијантите сè уште не се присутни во нашата држава, се наведува во нивното истражување.

Здравствените власти најавија дека доколку расте бројот и понатаму, можно е заострување на рестриктивните мерки, а Комисијата за заразни болести веќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји.

-Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести согласно актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје, не ја исклучуваат можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на КОВИД-19 вирусот. Апелираме до граѓаните задолжително да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, како носење маска, одржување хигиена на раце и држење дистанца, посочуваат од Министерството за здравство.

Инаку, јужноафриканскиот сој на корона вирусот, слично како и британската варијанта е многу позаразна, односно многу полесно се пренесува, иако нема научни податоци во однос на тоа дали е зголемена и смртноста. Тоа што загрижува е дека, сојужноафрикански сој може да се заразат дури и оние кои веќе го прележале Ковид-19.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки