Ќе биде ли од баба – невеста? Кој ќе го боли главата од државната пошта?
Објавено во: Економија 22 Октомври, 2020
Државната пошта е монопол што во годините наназад има акумулирана загуба поголема од 10 милиони евра. Компанија во која кусоците од кражби и од вработени се книжени на износ поголем од 2 милиони евра. Фирма со повеќе од 2.000 вработени со бројни нерешени имотно-правни прашања....
Државната поштенска компанија , која по Преспанскиот договор, експресно го промени називот во „Пошта на Северна Македонија“, е компанија монопол која во континуитет книжи загуби во своето работење. Во тоа и прави конкуренција само „Македонски железници Транспорт“ која знае да прави и поголеми годишни загуби од државната пошта. Овие две компании имаат уште еден заеднички именител: и двете неколку години наназад имаат директори од ДУИ – политичката партија која десетина години без прекин е дел од извршната власт во нашата земја.
Што би купил евентиалниот нов газда на државната пошта?
Затоа што се поактуелни се шпекулациите се може да се преговара за продажба на целиот или на мнозинскиот пакет акции во поштата „Фактор“ ќе направи обид да направи скица на „свадбената бовча“ што „сватовите“ ќе ја дадат на „младоженецот“.
Прво, државната пошта е компанија која има монопол на пазарот и чија дејност ја регулира државна комисија во која во континуитет се редат за членови партиски кадри во зависност од тоа кој е на власт. Таа комисија треба да ги регулира цените на монополот.
Второ, заради повеќе годишно работење во партиски „режими“ ова државно претпријатие од витално значење до крај на 2018 година имаше акумулирана загуба од 9,7 милиони евра. Има многу новински текстови и наводи на опозиционери дека во државната пошта има индиции за злоупотреби и стопански криминал, но досега не сме виделе ниту случај ниту обвивение ниту пак каква и да е судска пресуда.
Трето, државната пошта лани имаше приход од 19,5 милиони евра што е за 5 отсто повеќе од 2018 година и загуба од 1,06 милиони евра што е на половина од загубата од претходната деловна година.
Четврто, државната пошта има над 2.000 вработени во 2019 година. Независната ревизија констатирала дека во 2018 година оваа фирма има кусоци од кражби и кусоци од вработени во износ поголем од 2 милиони евра.
Петто, државната пошта, повторно, според последната независна финансиска ревизија има нерасчистени имотно-правни односи и прашања со фирмата за телефоснки услуги и телекомуникации која пред приватизацијата и била сестринска компанија.
Шесто, побарувањата од купувачи меѓу кои се водат и такви кои се постари од 3 години, а се вредни 1 милион евра, се со вкупна вредност од речиси 5 милиони евра.
Дали за вакви резултати Ејуп Рустеми од прв човек на државната пошта го доби местото прв човек на Јавното претпријатие за државни патишта?
Е сега не е се најцрно. Државната пошта има еден силен адут. Тоа се најголемиот број шалтери во најголем број населени места во земјава. Но досега тие банкарски шалтери под наем ги имаше „Еуростандард банка“ која сега е во стечај.
Од горенаведеното се поставува прашање што ќе биде предмет на продажба и во какви услови?
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.